Врховниот судија Наке Георгиев, осомничен за поткуп од 10 илјади евра доби притвор од 30 дена, информираа од Основниот кривичен суд Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени од страна на јавниот обвинител донесе решение со кое предлогот се уважува, а на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена, затоа што може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците, а може да го доврши или повтори кривичното дело“, информираа од Судот.
Против оваа одлука Георгиев има право на жалба пред Кривичниот совет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судијата Наке Георгиев остана без имунитет, може да оди во притвор и е одалечен од работното место
Претресена канцеларијата на судијата Наке Георгиев во Врховниот суд
Каков имот пријавил Наке Георгиев, кој заради синот поднесе оставка од Судскиот совет