еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таравари сам си платил превоз и хотел во Вашингтон

За инагурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп во Вашнгтон, САД, беше и министерот за здравство, Арбен Таравари, претседател на крило во Алијансата за Албанците, која е дел од владејачката „Вреди“, кој не беше дел од македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонска делегација предводена од Мицкоски замина во САД, ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Тој за емисијата „24 анализа“ на ТВ24 рече дека во САД бил на сопствен трошок, сам си платил за превоз и сместување во хотел и дека тоа било приватна посета.

Објасни дека таму бил два работни дена и дека цело време бил во комуникација што се случува во Македонија, а пријатели од САД му обезбедиле покана.

-Имам пријатели во САД кои што ми обезбедија покана. Планот беше инаугурацијата на Трамп да биде надвор, дури имаше и обезбедено седиште во тие 2.000 планирани кои беа предвидени, но, поради временските услови се одржа внатре.

Имав прилика да видам како се слави, не успеавме да стигнам на сите настани, но бев на инаугурациски појадок, вечера, како и балот. Атмосферата е фантастична, кажа Таравари.

Со Мицкоски таму не се видел, бидејќи како што кажа Вашингтон бил блокиран и немало можност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски во Вашингтон престојувал во хотел со 3+ ѕвезди

(Фото) Мицкоски ја следеше инагурацијата на Трамп со претседателот на Републиканците

Фото: Таравари/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во М-НАВ вработени роднини на Османи, Груби, Николовски, Незири, Аљими, Буши, објави КОД

Редакција

Оставката на Коѕијас ги врати на маса „црните пари“ и тајните фондови за името

Редакција

(Видео) Македон ја објави својата прва книга

Редакција