еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Три активни пожари во Македонија, а шест се под контрола

Според информации на Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Македонија во последните 24 часа се регистрирани 23. пожари на отворено, од кои три се активни, а шест се под контрола.

Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, во пределот меѓу селата Тажево и Брезница на кракот кон Националниот парк Јасен, во Општина Демир Хисар и во Општина Охрид, на Илинска Планина, во реонот кај селата Витово, Базерник, Мало Илино и Брежани и во Општина Дојран и Општина Богданци во реонот кај селото Фурка во правец кон Богданци.

Под контрола се пожарите во Општина Охрид на планината Галичица и помеѓу селата Косел – Расино – Опеница – Вапила, во Пробиштип помеѓу селата Зелениград и Јамиште, во Македонски Брод кај село Слатина, во Пласница кај село Латово кој е сѐ уште активен, а тој кај Пласница е изгаснат и во Делчево каде што гори депонија.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓоковиќ по шести пат го освои Вимблдон и стигна до неговата 20 грен-слем титула: Кога бев мал, го изработував овој трофеј

Редакција

(Обновено) Ново рочиште за случајот „Друмарина“ закажано на 4 март

Редакција

Кои се селефистите, кои регистрираа нова исламска заедница во Македонија

Редакција