ТТК Банка АД Скопје во првото полугодие оствари добивка од 49,4 милиони денари, која е за 47,6 % или 16 милиони денари над планираното ниво, соопшти Банката преку Македонската берза.
-Преку своето редовно оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 75,4 милиони денари, како резултат на остварените оперативни приходи во износ од 273,5 милиони денари и остварените оперативни трошоци во износ од 198,1 милиони денари.
Во истиот период, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесува 25,9 милиони денари, велат од Банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Академик Владо Камбовски останува во НО на ТТК Банка, колку акции поседува таму
Како работеше ТТК Банка во првиот квартал