еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Турција одобри членство на Шведска во НАТО, остана уште Унгарија

Турција по повеќе од една година одложување го одобри членство на Шведска во НАТО.

Синоќа турските пратеници со 287 гласа „за“ го поддржаа ратификувањето на протоколот за пристапувањето на земјата во Алијансата.

Одлуката треба формално да биде одобрена и од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган,

Турција, која е членка на НАТО, го одложуваше ратификувањето обвинувајќи ја Шведска дека е премногу попустлива кон групите кои Анкара ги смета за терористички. Таа бараше отстапки од земјата, вклучувајќи и построг став кон курдските активисти.

Унгарија остана единствената членка на НАТО, која се уште не одобрила влез на Шведска во Алијансата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според 50% од избирачките места: „За“ гласале 90,81 отсто, „против“ 6,18 отсто

Редакција

Познато кои видови на овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени: Домати, краставици, кромид…

Редакција

Шекеринска нема да биде дел од новата Влада

Редакција