Украина го затвори вентилот за руски гас во Европа, извозот е прекинат, бидејќи истече договорот за транзит помеѓу руски „Гаспром“ и украински „Нафтогас“.
Украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко, запирањето на транзитот на руски гас го оцени за историски.
„Русија ги губи своите пазари, ќе претрпи финансиски загуби. Европа веќе донесе одлука да се откаже од рускиот гас,“ рече тој.
Русија сè уште извезува гас преку гасоводот „Турски тек“ на дното на Црното Море, кој што има две линии, едната за турскиот пазар, а другата за снабдување на потрошувачите во Централна Европа, вклучувајќи ги Унгарија и Србија.
Со почетокот на војната, копјата се прекршуваа и за испораката на гасот, така што Европската Унија се подготвуваше да стане што помалку зависна од руски гас.
Но, некои членки, како Австрија и Словачка, останаа силно зависни од него. Силно погодена ќе биде и Молдавија.
Фото: Unsplash