еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Видео) Унгарија наместо 1 милијарда ќе и позајми на Македонија 500 милиони евра

Унгарија наместо најавуваната 1 милијарда евра, ќе и позајми на Македонија 500 милиони евра.

Позајмицата од унгарската Влада е со камата од 3,25 проценти, три години грејс период и 12 години рок на отплата или вкупно 15 години.

Оваа го соопштија од македонската Влада, а позајмицата била договорена на средба на македонскиот премиер Христијан Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан во Вашингтон, САД, каде се одржува Самитот на НАТО.

Од овие 500 милиони евра, 250 милиони евра ќе бидат директна поддршка за македонската економија под истите услови, а другите 250 милиони евра ќе бидат наменети за капитални проекти кои што ќе бидат изведени во општините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Мицкоски до Орбан на групната фотографија од Самитот на НАТО

Фото: Фејсбук/Орбан/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Во Ростуше се гради авантуристички парк за деца и возрасни

Редакција

Општините Струмица, Теарце, Сарај и Град Скопје не добија пари од унгарскиот кредит

Редакција

Финансиски резултати ОКТА: Прилагодената ЕБИТДА ги надмина ланските достигнувања преку оперативни оптимизации и ефикасно водење на трошоците

Редакција