еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

УО на Стопанска банка Битола со позитивен став за преземањето од страна на Комерцијална, вработените пак барaат јасно дефинирање што ќе се случи со нивните работни места

Се поизвесно станува преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Комерцијална банка АД Скопје.

По објавувањето на понудата од страна на Комерцијална преку Македонската берза се огласи Управниот одбор (УО) на Стопанска банка Битола, но и вработените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во понудата на Комерцијална за преземање на Стопанска банка Битола

УО на Банката има позитивен став за преземањето и смета дека тоа ќе има позитивен ефект врз работењето на Банката.

Од таму сметаат и дека со зголемувањето на обемот на идните деловни активности, ќе се придонесе за задржување на повеќето вработени.

Вработените во Стопанска банка Битола пак бараат од УО на Банката и од страна на Комерцијална јасно да се дефинираат условите под коишто на вработените ќе им се продолжи работниот статус во друштвото коешто презема.

Според нив во Спогодбата треба да се утврди како ќе се постапи со останатиод дел од вработените кои нема да го продолжат работниот однос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се акционери во Стопанска банка Битола, понудата на Комерцијална за преземање ги откри

Стопанска банка Битола има рок до 22. септември да ја прифати, Комерцијална ја објави понудата за преземање

Ќе ја прифати ли Стопанска банка Битола понудата од Комерцијална од 20,3 милиони евра за сите обични акции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој стои позади бугарскиот клуб „Шемето“, чиј копретседател, Кадриески, беше натепан

Редакција

Поднесени 12 обвиненија за инцидентите на протестот против францускиот предлог

Редакција

(Фото) Спајдермен, Бетмен и други суперхерои ги посетија децата на Клиниката за детски болести во Скопје

Редакција