еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Управниот одбор даде амин за преземање на РЖ Економика од кавадаречки ГМЛ

Управниот одбор на Рудници и железарница (РЖ) Економика, акционерско друштво за трговија, финансиско посредување, изнајмување на имот и деловни активности – Скопје даде позитивен став за понудата за преземање на Друштвото од страна на друштвото за производство, трговија и услуги ГМЛ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, информираа од Друштвото преку Македонската берза.

И членови на Одборот на директори кои поседуваат акции во РЖ Економика имаат намера истите да ги продадат на ГМЛ.

ГМЛ е најголемиот акционер во РЖ Економика, каде поседува 40,04% од вкупниот број на акции.

За купување на останатите 320.925 акции нуди 50 денари по акција.

Компанијата доби одобрение од Комисијата за хартии од вредност за старт на постапката, односно дозвала за давање на понуда за преземање.

Во понудата за преземање на ГМЛ не е утврдена најмалата количина на акции, според која понудата би се оценила како успешна.

ГМЛ е основана во 2007 година со основна дејност – трговија со индустриски машински делови. Со производство почнала во 2012 година.

РЖ Економика се занимава со трговија на големо и мало на резервни делови, а изнајмува и деловен простор и дава услуги од областа на сметководствено-финансиското советување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГМЛ од Кавадарци купи нови акции на скопска РЖ Економика

РЖ Економика во загуба во првото полугодие

Илија Илиев реизбран за член на Одборот на директори на РЖ Економика

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три сценарија за корона вирусот во Македонија: Најцрното предвидува 1.805 починати лица до 1 ноември

Редакција

Каков имот пријавил Астрит Исеини, заменик министер за внатрешни работи

Редакција

Промена на времето: Неделава посвежо за четири до седум степени

Редакција