еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Сончево и многу студено време: Tемпературите денеска до -15 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу студено, а во западните делови со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми насекаде, а во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од снег.

Ќе дува слаб ветер, претпладне од северен, а попладне претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -15 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу студено со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -10, а максималната ќе достигне 3 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи во вторник и в среда претпладне се очекува нов влажен бран, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег, а на пониските места со врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови, над 25 литри на метар квадратен, а на планините на северозапад снежната покривка значително ќе се зголеми.

Во вторник ќе дува засилен јужен ветер.

Кон крајот на неделата дневната температура ќе се зголеми.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска почнува зимата

Редакција

76-годишно лице настрада во пожар во стан во Аеродром

Редакција

Кадровски смени во ВМРО-ДПМНЕ: Кои се новите претседатели на општинските комитети

Редакција