еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кадровски смени во ВМРО-ДПМНЕ: Кои се новите претседатели на општинските комитети

Извршниот Комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ на редовна седница донесе повеќе кадровски одлуки, информираат од партијата.

ИК го избра Сергеј Попов за нов претседател на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ.

Попов е од Скопје, апсолвент на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје и е досегашен претседател на градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

На седницата на ИК била донесена и одлука за избор на претседатели на општински комитети во изборните единици 1, 2 и 3:

Иван Живковски – ОК Кисела Вода

Дејан Митески – ОК Аеродром

Тони Јаревски – ОК Карпош

Гане Петров – ОК Центар

Жарко Ристески – ОК Македонски Брод

Јане Мицевски – ОК Сопиште

Кенан Абди – ОК Студеничани

Мартин Стојановски – ОК Сарај

Бобан Стефковски – ОК Гази Баба

Бојан Стојаноски – ОК Ѓорче Петров

Ѓоко Велковски – ОК Чаир

Дарко Костовски – ОК Бутел

Зоран Бајовски – ОК Чучер Сандево

Ерџан Демир – ОК Шуто Оризари

Александар Ѓорѓиевски – ОК Илинден

Марија Петрушевска – ОК Петровец

Коста Маневски – ОК Зелениково

Зоран Здравевски – ОК Чашка

Дејан Владев – ОК Свети Николе

Иван Јорданов – ОК Штип

Виктор Паунов – ОК Карбинци

Далибор Ангелов – ОК Чешиново Облешево

Борчо Коцев – ОК Зрновци

Митко Костадиновски – ОК Виница

Димче Атанасовски – ОК Македонска Каменица

Бошко Цветковски – ОК Лозово

Киро Нацков – ОК Градско

Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ за Координатор на пратеничката група го избрал Никола Мицевски, а за негови заменици ги именува пратеничките Дафина Стојаноска и Ели Панова.

„Донесена е одлука и за распишување на оглас за избор на претседател на УЖ НА ВМРО-ДПМНЕ, преку јавен повик кој ќе трае две недели“, велат од партијата.

Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ ќе го раководи Луке Галески.

Процесот на кадровски смени и доекипирање ќе продолжи во следниот период, велат од партијата.

ПОВРАЗНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Немам намера да поднесам оставка, додека сум жив ќе се борам против оние кои му служат на Заев

ВМРО-ДПМНЕ најави масовни антивладини демонстрации есенва

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одземен пасошот на момчето што ја прегази Верица на пешачки премин во Струмица

Редакција

Барањето за преиспитување на пресудата за Јанакиески за „Титаник“ е неосновано, одлучи Врховен

Редакција

Во Апелација итен колегиум по најавите на Рускоска за финансиска истрага

Редакција