еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Успешно заврши 17. издание на „Лидер Проектот“ на Македонија2025 – врвна бизнис обука за млади лидери и претприемачи

Со финални презентации на иновативни бизнис-идеи и нетворкинг настан со алумни-заедницата, успешно заврши седумнаесеттото издание на „Лидер Проектот“ – врвна бизнис обука организирана од Македонија2025, наменета за млади професионалци, идни менаџери и претприемачи од целата земја, информираат од таму.

Програмата се реализираше во соработка со реномираната бизнис-школа „Ричард Ајви“ од Канада и се темели на најдобрите глобални практики во деловното управување, адаптирани на локалниот контекст и предизвици.

-Во текот на две недели, учесниците интензивно работеа на теми од стратегија, финансиско управување, маркетинг, развој на производ, човечки ресурси и лидерство, преку анализа на реални деловни студии на случај, симулации и практични задачи. Обуката вклучи и индивидуална менторска поддршка од искусни канадски предавачи.

Круна на програмата беше натпреварот за најдобра бизнис-идеја, на кој учесниците ги претставија своите концепти пред жири составено од етаблирани македонски бизнис-лидери. Жирито ги оценуваше идеите според иновативност, одржливост и пазарен потенцијал, а самите презентации претставуваа одлична можност за примена на стекнатите знаења во реален контекст.

По завршувањето на официјалниот дел, се одржа и нетворкинг настан со членови на алумни-заедницата на „Лидер Проектот“, што овозможи поврзување, размена на искуства и иницирање на нови соработки меѓу младите професионалци.

Преку оваа врвна бизнис обука, Македонија2025 останува посветена на градењето на нови генерации млади лидери и претприемачи, подготвени да придонесат за економскиот развој и иновативноста на Македонија, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Излекувани дури 111 пациенти заболени од коронавирусот, вкупно оздравени 738

Редакција

Владата не донесе одлука за забрана за влез на Ангел Џамбаски во Македонија

Редакција

Во март каматната стапка на вкупните кредити 5,50%

Редакција