еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во март каматната стапка на вкупните кредити 5,50%

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во март се намалила за 0,02 процентни поени и изнесуваше 5,50%, додека на годишно ниво е забележано зголемување од 0,02 процентни поени, информираа од Народна банка.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, изнесувала 1,80% и забележала месечно и годишно зголемување за 0,04 п.п. и 0,69 п.п..

Податоците на Народна банка покажуваат дека просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во март изнесувала 4,98% и била пониска на месечно и годишно ниво.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити, пак, е зголемена на 2,46%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Благо намалување: Девизните резерви изнесуваат 2,86 милијарди евра

Редакција

Во блок-трансакција вредна 106.000 евра продадени акции од „Оилко“

Редакција

Литванија прва земја-членка на ЕУ што прекина да увезува руски гас

Редакција