Утре во Скопје ќе се одржи нов протестен марш за право на чист воздух, кој ќе започне во 12:30 часот пред Министерството за животна средина. Од таму маршот ќе продолжу кон Собранието, потоа кон Владата, а ќе заврши пред бараките на Град Скопје.
„Поминаа речиси три недели од претходниот протест, две недели од доставените барања, а одговор од институциите уште нема. Во сабота очекуваме секој граѓанин од Скопје, и секој кој може од останатите градови, да се приклучи на протестот за чист воздух.
Да ја испратиме 2024 година со чиста совест дека сме направиле најмалку што можеме за нашето здравје и здравјето на идните генерации. Колку повеќе сме, толку поголем ќе биде притисокот за вистински промени.
Воздухот што го дишеме не е за преговарање и немаме повеќе време за чекање,“ велат организаторите Зелен хуман град, Шанса за Центар, Зелените Од Гази Баба, Иницијатива за ослободување од еднократна пластика НаТочак – NaTochak, Go Green – Биди Зелен, Слобода на Говорот, Skopje Smog Alarm, O2 Иницијатива“.
Нивните барања може да се прочитаат ОВДЕ.
„Мораме да ја симнеме нашата држава од врвот на оваа уште пострашна „црна листа“ на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), во која Македонија е на самиот врв со највисока стапка на смртност поврзана со загадувањето на воздухот во Европа. Овие бројки кои покажуваат години на изгубен живот на 100.000 жители поради изложеност на PM2.5 честитките сме ние самите и нашите деца! Едно на секои девет.
Според податоците на УНИЦЕФ, во Македонија 11,6% од смртните случаи кај новороденчињата се поврзани со загадениот воздух, што значи дека секое деветто починато дете под една година го губи животот поради аерозагадувањето,“ се додава во соопштението.
Фото: Игор Бансколиев