Бугарската фондацијата ‘Манол Пејков и пријателите’ купила 2/3 од куќата на писателот Димитар Талев во Прилеп за 83.550 евра.
Информацијата на Фејсбук ја сподели издавачот Манол Пејков од Фондацијата.
Делот од куќата кој е продаден е во сопственост на Снежана Аческа која во 2023 година побарала 100.000 евра. Остатокот од куќата или 1/3 е во сопственост на друг сопственик и тој несака да го продаде својот дел.
Пејков вели дека за оваа трансакција, за која вели дека е завршена, парични средства донирале 1.374 лица.
Писателот Талев меѓу двете светски војни бил поврзан со крилото на Ванчо Михајлов во ВМРО и пропагирал дека Македонија треба да биде во рамките на Бугарија.
Во повоените години бил затворен од македонските власти под обвинение дека ширел великобугарски шовинизам. Излегол од затвор во 1948 година и во времето на Резолуцијата на Информбирото заминал во Софија, каде живееше и пишуваше до својата смрт во 1966 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарската влада сака да купи куќа во Прилеп, еден од сопствениците не го продава својот дел
Фото: Фејсбук/Пејков