еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Колкави плати нуди македонски Стокомак за маркетите во Србија

Македонскиот ланец на маркети Стокомак наскоро ќе ги отвори своите први маркети во Србија.

Во првата фаза се планираат маркети во Пирот, Ниш, Парачин, Лесковац и Панчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски Стокомак наскоро ќе отвори маркети во пет градови во Србија

Ланецот веќе објави и огласи за вработување на својата Фејсбук страна, наменета за пазарот во Србија.

Највисока плата од 90.000 динари се нуди за позицијата шеф на маркет, а се бара за маркетите во Пирот, Ниш и Лесковац.

За позицијата заменик шеф на маркет во истите градови се нуди плата од 80.000 динари.

За касиер/продавач пак се нуди плата од 65.000 до 70.000 динари.

Во огласите се нудат и 13 месечна плата, бонус за напредок и учинок на работа, како и празнични (верски) бонуси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е македонскиот ланец Стокомак, кој наскоро отвара пет маркети во Србија

Фото: Стокомак/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Лоба и Her Line ја лансираа спортската шик лајфстајл линија за сезона пролет/лето ’23 „Blooming Monochrome” 

Редакција

Раст на прометот и трансакциите на Македонската берза во април

Редакција

Кривични за внуците на Ахмети, Дрин и брат му Бесијан

Редакција