еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Лоба и Her Line ја лансираа спортската шик лајфстајл линија за сезона пролет/лето ’23 „Blooming Monochrome” 

Македонскиот бренд Her Line заедно со пејачката Викторија Лоба како бренд амбасадор и сега за прв пат во улога на креативен дизајнер ја претставуваат новата модна колекција за сезоната пролет/лето ’23 „Blooming Monochrome” лајфстајл линија за жени и девојки, информираат од таму.

Спортскиот шик и минимализмот се главниот печат на линијата „Blooming Monochrome” и секако дека во неа се вметнати и најновите трендови како карго џебови и миди здолништа, што ја прави совршена за модерните жени кои сакаат да изгледаат добро и да се чувствуваат удобно.

– Во моето секојдневие навистина ми беше потребна облека која ќе биде удобна, квалитетна и која одлично ќе се прилагоди на фигурата и воедно ќе изгледа стилски со што би можела да ја носам во повеќе прилики.

Сакам сите девојки кои ја носат оваа облека да се чувствуваат удобно и со стил во исто време, за тоа навистина се погриживме да одбереме високо квалитетни материјали и го усовршивме кројот. Затоа ве поканувам во нашата онлајн продавница да си разгледате и да си шопингувате (herline.mk), вели Лоба.

„Blooming Monochrome“ е lifestyle облека која комбинира стил на минимализам и лежерен спортски шик кој можете да го носите секојдневно, како на прошетка со пријателките така и на кафе, ручек, патувања, секојдневни дружења.

-Една од главните цели на колекцијата е да им обезбеди на жените висококвалитетна облека која не само што е модерна, туку и функционална. Затоа Her Line се фокусираше на користење природни материјали со врвен квалитет, дизајнирани на стилски и практичен начин.

Her line е македонски бренд кој постои веќе три години и кој продолжува да внесува свежина на македонскиот пазар. Карактеристични за овој бренд се костимите за капење како и athleisure парчињата облека што е воедно и свет, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) Првиот бакнеж ми беше со Бајага: Данијела Мартиновиќ во „Еден на Еден“

Редакција

„Ако Французите го видат Скопје 2014, ќе ја одбијат помошта за реставрирање„: Твитер за помошта од Македонија за Нотр-Дам

Редакција

(Фото) Иванов се збогуваше: Функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува

Редакција