еМагазин
Image default
Бизнис

НЛБ Банка со зголемена добивка во првите три месеци

Во првите три месеци од година НЛБ Банка АД Скопје оствари нето добивка во износ од 802.487 илјади денари, што претставува зголемување за 22,8% во однос на остварената нето – добивка истиот период претходната година, информираат од Банката преку Македонската берза.

-Зголемувањето се должи на континуирани продажни активности на кредитните продукти со посебен фокус на домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија како и зголемен број на корисници на платните сервиси на Банката, велат од таму.

Заклучно со 31.03.2023 година билансната сума изнесува 110.563.308 илјади денари, односно се намалила за 2.134.715 илјади денари или 1,9% во однос на 31.12.2022 година.

-Паричните средства и паричните еквиваленти изнесуваат 20.260.207 илјади денари и бележат намалување од 2,9% во однос на 31.12.2022 година. Кредитите и побарувањата од банки бележат намалување од 172 илјади денари во однос на 31.12.2022 година.

Вкупните кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 70.210.436 илјади денари и бележат намалување од 1,2% во однос на 31.12.2022 година. Намалувањето произлегува од намалување кај кредитирањето на нефинансиски правни лица за 6,6%, додека кредитирањето во секторот домаќинства е зголемено за 1,3% во однос на 31.12.2022 година како резултат на пораст кај потрошувачките и станбените кредити.

Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 15.832.271 илјади денари и се намалени за 3,4% во однос на 31.12.2022 година поради доспевање на странски државни записи. Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања се на истото ниво од 31.12.2022 година, велат од таму.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката се зголемени за 5,4% и изнесуваат 16.404.296 илјади денари.

-Нето каматните приходи, заклучно со 31.03.2023 година се повисоки за 25,7% споредено со претходната година, при што приходите од камати се повисоки за 25,0%, главно поради пораст на портфолиото во секторот домаќинства, како и пораст на каматните стапки кај сегментите домаќинствата, нефинансиските правни лица и банки, додека расходите за камати се повисоки за 18,0% главно поради пораст на каматните стапки по основ на субординирани обврски и кредитни линии.

Нето приходите од провизии се повисоки за 8,6% споредено со претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 7,3% како резултат на зголемени приходи од реализирани трансакции со картички и картично порамнување, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и странство, повисоки приходи од работење со трансакциски сметки.

Расходите за провизии се зголемени за 5,7%, главно поради повисоки расходи од картично работење кон меѓународните картични системи.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 177.509 илјади денари и се намалени во однос на претходната година за 9,2%.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 1.444.124 илјади денари и се повисоки за 16,1% во однос на претходната година најмногу поради повисоки каматни приходи.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 579.477 илјади денари и се зголемени за 8,1%, при што трошоците за вработени се повисоки за 16,7%, трошоците за амортизација се пониски за 5,5%, а останатите расходи од дејноста се повисоки за 3,5% во однос на истиот период претходната година.

Заклучно со 31.03.2023 година, пресметани се Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансната изложеност, на нето основа ослободувања во износ од 30.048 илјади денари.

Бруто добивката на Банката заклучно со 31.03.2023 година изнесува 891.652 илјади денари и е зголемена за 22,8% во однос на претходната година. Нето добивката на Банката заклучно со 31.03.2023 година изнесува 802.487 илјади денари и е зголемена за 22,8% во однос на претходната година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку пари чуваат граѓаните и фирмите во НЛБ Банка

Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје го именуваше Гоце Вангеловски за нов член на Управниот одбор на Банката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Руд-коп“ го доби тендерот за ископ на јаловина во Брод Гнеотино вреден 5,3 милиони евра

Редакција

Стартува ослободувањето на аконтации за данок на добивка и данокот на личен доход од вршење самостојна дејност

Редакција

Лани истргувани се 28.864 акции на Алкалоид вредни 513,5 милиони денари

Редакција