еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Кој е осомничениот за убиството на Орхан Бајрами – Оки и за двојното убиство во Шиша бар во Старата скопска чаршија

Грчката полиција информираше дека осомничен за убиството на македонскиот државјанин Орхан Бајрами – Оки, кој беше убиен летово во Ханиоти на Халкидики во Грција е истото лице кое е осомничено за двете убиства во Шиша бар во Старата скопска чаршија во март лани, и е веќе во притвор во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лицето кое се сомничи за убиството на Орхан Бајрами – Оки, според грчката полиција е веќе во притвор во Македонија

ABC News Албанија објави дека станува збор за Гани Марку и објави негова фотографија.

Марку е во притвор во Шутка, а беше уапсен во август лани. Тој се сомничи дека учествувал во купопродажбата на автомобилот „Ауди“, со кое убијците дошле до Шиша бар, а потоа го запалиле.

Фокус објави дека тој го сменил презимето. Претходно се презивал Туша и се барал со меѓународна потерница. Според неделникот тој е повратник од боиштата во Сирија и бил припадник на групата Ал Нусра.

Грчките власти сега бараат негова екстрадиција во Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен во Ханиоти

(Фото) Убиениот Орхан Бајрами Оки престојувал во апартман во Ханиоти кој чини 600 евра на ден, заедно со уште четири лица

Криминалци најавуваат ликвидации на Тик Ток, прво за Оки, сега за Раде Трајковски – Штекли

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР вели нема кривично дело: Расчистен случајот со наводното киднапирање во Карбинци

Редакција

Кој стои позади лажните дојави за бомби во скопските училишта

Редакција

Знаците за напредок во преговорите меѓу Русија и Украина ја намалија цената на нафтата

Редакција