еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

(Фото) Од четврток е исчезнат младиот Миле Тодоров од Неготино, семејството бара помош

Од четврток е исчезнат 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино, а неговото семејство бара помош за негово пронаоѓање.

На социјалните мрежи од синоќа има информација за мобилизација на заинтересирани граѓани кои би се вклучиле во акцијата за негово пронаоѓање.

Тодоров последен пат бил виден во Марена околу 10:30 часот носејќи работничко одело со бело палто и црн елек. Претпоставка е дека пеш тргнал од Кавадарци кон Неготино.

Кога исчезнал со себе нема лични документи, но има мобилен кој не е вклучен.

Случајот е пријавен и во полицијата.

Неговата сестра Марија за Фокус вели дека станува збор за одговорна личност и млад спортист и дека никогаш во минатото не се случило вакво нешто.

Во четвртокот му кажал на газдата на компанијата во која работел дека дава оставка, разговарал смирено, потоа заминал и од тогаш неговото семејство не знае ништо за него.

Доколку го видете Тодоров пријавите во полиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во следните 7 дена очекуваме бројот на примени пациенти да биде поголем од бројот на испишани, порача Филипче

Редакција

Бугарија го забрани отварањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Редакција

Тројца вработени од МВР позитивни на коронавирусот

Редакција