Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот Володимир Зеленски денеска се сретнаа во Рим, каде што присуствуваа на погребот на папата Францис.
Зеленски на социјалните мрежи напиша дека станува збор за симболична средба која има потенцијал да стане историска, ако се постигне заеднички резултат.
„Се надеваме на резултати за сè што опфативме. Заштита на животите на нашите луѓе. Целосен и безусловен прекин на огнот. Сигурен и траен мир кој ќе спречи избивање нова војна“, напиша Зеленски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото+Видео) Папата Франциск погребан во „Санта Марија Маџоре“
Фото: Фејсбук/Зеленски/Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.