еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Францускиот предлог може да се измени со додавање на барањата на Македонците во Бугарија, вели Мицкоски

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски смета дека т.н. француски предлог, чие спроведување е услов за почетокот на преговорите на Македонија со Европската Унија, може да се измени со додавање на предлог плус, кој ќе ги опфати барањата на Македонците во Бугарија.

-Со диктати и ултиматуми не преговараме така што, ако можел Договорот за добрососедство да биде репреговаран и на него да му се додаде т.н. францускиот предлог, не гледам причина зошто да не се додаде француски предлог плус или некој друг предлог кој што ќе ги опфати барањата кои ги имаат Македонците во Бугарија.

Не може да имаме двојни стандарди, да бараме да имаме промена во Уставот во Македонија за неколку стотина наши сограѓани кои за себе велат дека се дел од бугарската заедница, тогаш треба да видиме што е со правата на Македонците во Бугарија.

Треба да си го поставиме прашањето зошто бараат да бидат дел од нашиот Устав, дали се нарушени нечии права? Досега од Меѓународниот суд за човекови права имаме 14 пресуди дека се нарушени правата на Македонците во Бугарија, а нема пресуда за нарушени човекови права на бугарската заедница во земјава.

Ние ги почитуваме тие неколку стотици граѓани кои велат дека се дел од бугарската заедница, но бараме и бугарскиот претседател да ги почитува првата на македонската заедница во Бугарија“, изјави денеска Мицкоски.

За Договорот од Преспа, Мицкоски пак вели дека оти нема шанси тој да се смени.

„Ние пред многу години го кажавме нашиот став дека тој договор е реалност и дека е дел од правниот и уставниот поредок на државава“, рече Мицкоски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 1.000 рецепти за хронична терапија препишале матичните лекари, наместо специјалисти

Редакција

Предлог-буџетот за 2023 година усвоен од Владата: За што ќе се трошат парите на граѓаните

Редакција

Температура, малаксаност, кашлица: Кои се најчестите симптоми кај позитивните на Ковид-19 во Македонија

Редакција