еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цената на бензините поевтинува до 2,5 денари, на дизелот останува иста

Од вечерва на полноќ цената на бензинот Еуросупер БС-95 поевтинува за 2,5 денари, а на Еуросупер БС-98 за 2 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Цените на другите горива остануваат исти.

Со новата одлука бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава за за 75 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 77,5 денари за литар.

Дизелот и понатаму ќе се продава за 72 денара за литар, Екстра лесното масло за горење за 71,5 денари за литар, а Мазутот за 43,501 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 42 нови стипендии

Редакција

Пожарот на Галичица деновиве ќе ја намалува својата кулминација, велат од Националниот парк

Редакција

Сите горива поевтинуваат

Редакција