Цената на струјата од јануари нема да поскапи повеќе од 1%, информираше денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимоски.
Според него кај домаќинствата и кај најголем дел од малите потрошувачи, ќе има намалување на мрежарината, вклучувајќи го преносот и дистрибуцијата, за 7%.
Претходно мрежарината за домаќинствата изнесуваше 2,3 денари, а сега е 2,14 денари. Процентуалното учество на трошоците за мрежарина е 38%.
Тој информираше и дека до пролет следната година нема да има измени кај дневната евтина тарифа. Потоа ќе се правеле анализи дали е можно да има дополнително уште еден час дневно.
Колку точно ќе поскапи струјата и како ќе се движи цената по одделни блокови на потрошувачи ќе биде познато деновиве откако пресметките ќе ги направи универзалниот снабдувач ЕВН хоум.
Фото: Унсплеш