еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Член на Десна сведочеше дека за време на убиството на Вања се допишувал со Палевски

На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес сведочеше сведокот на одбраната, Зоран Петковски од Куманово од партијата Десна, член на Комисијата за безбедност во партијата.

Тој пред Судот рече дека имал комуникација со првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо на 27.11.2023 година, денот кога беше убиена Ѓорчевска, но истата сега ја нема, бидејќи пораките се бришеле по 30 минути, откако ќе се прочитат.

Тврди дека комуникацијата со Палевски ја имал во раните утрински часови, помеѓу 8.20 и 9 часот на таен канал за електронска комуникација преку апликацијата Телеграм, креиран од Палевски, а разговарале за иранските дронови шахиб, за набавка од Србија, трансфер преку Србија од Ирак.

Сведочеше и дека бил повикан во Секторот за внатрешни работи Скопје во полициска станица Пролет, на 05.02.2024 година и дека началникот Драган Зарински, му кажал дека признанието за убиството на Жежовски го добиле од обвинетиот Боре Видевски по “стари методи“.

Тврди и дека го снимал целиот разговор во полицијата, а на истиот присуствувале Зарински, друг началник, Дејан Димовски и инспектор.

„Некаде во 54. минута од снимениот разговор, инспекторот Зарински ме праша: „Го познаваш ли Боре?“ Му одговорив потврдно. Веднаш потоа со десната рака покажа дупка во ѕидот, десно од неговиот работен стол, и ми кажа: „Ете тоа е од Боре. И ова не смеам да ти го кажувам, но користевме стари методи за добивање признание“.

Не ми е чудно, затоа што и самиот потекнувам од една таква структура, но сметам дека е битно ако признанието на Боре е изнудено со сила, односно со тепање и мислам дека Судот треба да го земе тоа предвид, рече тој.

Судењето продолжува на 5. март со сведоци на одбраната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатот на таткото на Вања најави постапка за тортура врз неговиот клиент

Снимките од дворот на Манев не се од вечерата пред убиството на Жежовски, тврди адвокатот на Видоевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицотакис во соопштенијата за средбите со Заев не го користи името Северна Македонија, вели Ципрас

Редакција

Ќе се ревидира проектот за автопат од Скопје до Блаце, ќе се гради по друга траса

Редакција

Суспендирани двајца затворски полицијаци од Штип, на кои им побегнал затвореник

Редакција