На првата официјална средба на делегации на САД и Русија во Ријад, Саудиска Арабија, по започнувањето на војната во Украина, денеска, меѓудругото е договорено кога ќе се дојде до договор за ставање на крај на војната, истиот мора да биде прифатлив за сите.
Исто така во подоцнешните фази на разговори помеѓу САД и Русија ќе биде вклучена и Украина и Европската унија, а целта е да се постигне праведен, траен и одржлив мир.
Следните чекори во разговорите помеѓу САД и Русија меѓудругото предвидуваат формирање преговарачки тимови за стопирање на војната, како и враќање на функционалноста на амбасадите во Москва и Вашингтон.
Денешната средба е само првиот чекор од долгиот и тежок пат, изјави американскиот секретар, кој ја предводеше делегацијата на САД, Марко Рубио, според кого Москва покажала подготвеност да се вклучи во сериозниот процес.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој ја предводеше руската делегација ги оцени разговорите како „многу корисни“.
Тој по средбата изјави дека руската и американската делегација на разговорите „не само што се слушале, туку и се слушнале“ и најави скоро отворање на амбасади во двете земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почнаа разговорите помеѓу САД и Русија за Украина без ЕУ
Фото: Унсплеш