еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Ја убил со нож пред 5-годишната ќерка: Детали за убиството на жена во Скопје, која беше убиена од нејзиниот партнер

Од Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопштија детали за убиството на жена во Скопје, а за истото освен нејзиниот партнер, кој се обиде да избега во Србија, е осомничено уште едно лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец си ја убил сопругата и сакал да избега во Србија, уапсен е на Табановце

-Истрага е поведена и против уште едно лице за кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 од Кривичниот законик.

Првиот осомничен, вчера при вршење семејно насилство во домот во Шуто Оризари, ја лишил од живот својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница.

Делото го извршил во присуство на 5-годишната ќерка. На жртвата и нанел повреди и убодни рани со нож во пределот на вратот и градниот кош, од кои таа починала на лице место.

Веднаш потоа избегал од домот, во што му помогнал вториот осомничен кој му дал друга облека и му овозможил превоз со автомобил до граничниот премин Табановце.

Во непосредна близина на границата го оставил и се вратил во Скопје каде се обидел да ги прикрие трагите на своите помагачки дејствија.

Осомничениот за убиство продолжил кон границата каде бил запрен и уапсен.

Во текот на денешниот ден, по наредба на јавен обвинител беа преземени повеќе дејствија со кои беше пронајдено оружјето со кое е извршено убиството, облеката на сторителот и други материјални докази кои се обидел да ги прикрие и кои ќе бидат предмет на вештачење.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за определување мерка притвор и за осомничениот за убиството и за неговиот помагач, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Попова Шапка чека десеттина сантиметри нов снег за почеток на скијачката сезона

Редакција

Град Скопје повика Советот денеска да закаже седница за да се изгласа одлука за пренамена на средства за плати за ЈСП

Редакција

Агенцијата „Спид“ го доби тендерот на општина Струга за привремени вработувања „тежок“ 65.000 евра

Редакција