Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко петрол“ и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, поднел жалба до Апелациониот суд Скопје за одлуката на Основниот кривичен суд Скопје да не го пушти од затворски притвор и со понудената гаранција од имот и пари од 2,15 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јахоски, кој е во притвор од 12. март е еден од осомничените во случајот за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино, а се сомничи за перење пари.
Првично беше во домашен притвор.
Покрај Јахоски, во овој случај се осомничени и поранешниот директор на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Васко Ковачевски. кој е во бегство, како и сопственикот на нафтената компанија РКМ Енерџи, Ратко Капушевски, кој е исто така во затворски притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сопственикот на „Пуцко петрол“, Јахоски нуди гаранција за да излезе од Шутка
Фото: Пуцко петрол