еМагазин
Image default
Македонија

МНР: Вратени 118 македонски граѓани од Малта, се организира и враќање од Хрватска

Министерството за надворешни работи (МНР) информира дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство, денеска организираше враќање во земјата на 118 македонски граѓани од Ла Валета, Малта, а во попладневните часови ќе бидат превезени и наши граѓани од Загреб.

Репатријацијата беше организирана со летови на авиопревозникот Wizzair, којшто за овие две дестинации на јавниот повик од Владата, понуди најниска цена за авио билетите.

Од МНР потсетуваат, дека граѓаните се обврзани сами да ги покријат трошоците за авио превозот, додека задолжителниот 15-дневен карантин којшто беше еден од условите за нивно враќање е на товар на државата.

Воедно, повикувајќи се на приниципите на солидарност и во духот на добрата регионална соработка, на овие летови  ќе бидат превезени и девет странски државјани – по четворица од Хрватска и од Црна Гора и еден од Косово.

Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон надлежните власти во Албанија, Хрватска, Италија, Косово/НАТО, Србија, Босна и Малта за соработката при издавање на дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности.

“МНР продолжува со напорите за помош при враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани без регулиран престој во странство“, пишува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Снимки од дрон за ужасот на коронавирусот од Будимпешта до Рио де Женеиро

Вработен во ЈСП Скопје заразен со корона вирусот

Од коронавирусот може да починат околу 1,8 милиони луѓе во светот

(Видео) Ќотек и склекови за Индијците кои не ги почитуваат забраните за корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе побара повлекување на одлуката за азил на Груевски

Редакција

Нови 364 случаи на Ковид-19 од 2.379 тестирања

Редакција

Кој е полицискиот службеник кој даде подршка за нападот на Хамас на Израел, а МВР покрена дисциплинска за него

Редакција