еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЈСП избрало неприфатлива понуда за набавка на Еуродизел, велат од Бирото за јавни набавки

Бирото за јавни набавки извршило управна контрола врз постапката за јавна набавка на Еуродизел, спроведена од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, информираа од таму.

Контролата била спроведена согласно Законот за јавни набавки, кој предвидува задолжителна проверка на сите набавки на стоки и услуги со вредност над 500.000 евра.

Од таму велат дека ЈСП направило избор на неприфатлива понуда како најповолна. Станува збор за единствената понуда доставена во постапката, која не ги исполнува условите наведени во тендерската документација, конкретно точка 1.4.8, посочуваат од таму.

„Управната контрола утврди дека избраната понуда не ги исполнува бараните услови и даде инструкции ЈСП да ја поништи одлуката за избор и постапката за набавка,“ се вели во соопштението.

Од Бирото нагласуваат дека овие инструкции се во согласност со членот 177 став 3 од Законот за јавни набавки и дека ЈСП не ги искористило правните механизми за оспорување на одлуката, што ја потврдува правилноста на контролата.

Во врска со изјавите од Град Скопје, кои наведуваат политички влијанија врз одлуките на Бирото, институцијата категорично ги отфрла овие тврдења како „непримерни и непрофесионални.“

„Бирото за јавни набавки постапува исклучиво професионално и согласно законските прописи, без оглед на дневно-политичките препукувања. Наместо да шири политиканство, Градот Скопје треба да ги искористи законските можности за решавање на итните потреби за гориво,“ стои во соопштението.

Бирото апелира до надлежните органи да преземат одговорност и навремено да реагираат со цел да се обезбеди функционирање на јавниот превоз додека не заврши редовната постапка за набавка.

Во решавањето на проблемот со јавниот превоз ќе се вклучи и Владата поради што денеска во 14 часот ќе се одржи итна владина седница.

На седницата ќе се расправа за позајмување на гориво од нафтените државни резерви кои ќе се доделат на Градот Скопје се до надминување на проблемот со набавката на нафта за градот и ЈСП.

Најголемиот дел од автобусите на ЈСП не возат поради недостаток на нафта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопје ем загадено, ем без јавен превоз

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст од 19,4%: Минатата недела 43 лица по вторпат заболеле со Ковид-19

Редакција

Лотарија на Македонија со намалена добивка во првото полугодие

Редакција

Нова партија во албанскиот блок: Основана Демократско движење на Меџити

Редакција