еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе сведочи ли Гоце Трајковски: Денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Се очекува на истото конечно да сведочи Гоце Трајковски, кој до пред некој ден беше во бегство, откако беше осомничен за пожар во кафуле во скопска Кисела Вода. Тој сам и се предаде на полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сам се предаде на полицијата Гоце Трајковски, сведокот во судскиот процес за убиството на Вања и Панче

Трајковски е син на Кираца Трајковска, која веќе сведочеше, а е пријател на таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, еден од обвинетите, со кој заедно прегледувале снимки по нејзиното исчезнување.

Сите обвинети, Љупчо Палевски-Палчо, Влатко Кешишов, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на Ѓорчевска се изјаснија дека не се виновни.

Ѓорчевска и Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24. ноември 2023 година, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес, неколку дена подоцна, на 3. декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сведокот Гоце Трајковски и денеска нема да сведочи за убиство на Вања и Панче

Обвинителството презентираше снимки за движењето на обвинетите за убиството на Вања и Панче

Палевски ќе побара изземање на Обвинителството, неговиот адвокат реагираше за презентираните снимки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По што Лила ќе ја памети годината што изминува

Редакција

Сите детали: Кои банки ќе ги издаваат новите платежни картички за домашни производи?

Редакција

Работниците од Непал продолжуваат да бегаат од Македонија

Редакција