еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Граѓаните да не се изложуваат на трошоци за менување на денари во девизи, велат од банкарската Асоцијација

Во врска со шпекулативните и невистинити информации коишто се пласираат во јавноста во изминатиот период, поврзани со движењата на менувачкиот пазар и девизниот курс ги известуваме граѓаните дека менувачките работи кај банките се одвиваат непречено, информираат од Македонската банкарска асоцијација.

„Банките располагаат со доволно девизна готовина и девизи за задоволување на сите потребите на граѓаните. Притоа, курсевите по кои се спроведуваат трансакциите се транспарентни, јавно објавени на секое менувачко место и се на стабилно ниво.

Апелираме до граѓаните непотребно да не се изложуваат на трошоци менувајќи ги своите денарски средства во девизи, притоа водени единствено од шпекулациите и лажните вести, присутни во овој период.

Уште еднаш потсетуваме дека банкарскиот систем е високо капитализиран и ликвиден и како и во досегашниот период има потенцијал за справување со шокови и натамошна поддршка на компаниите и граѓаните,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Александар Стојкоски, новиот градоначалник на Ѓорче Петров

Редакција

(Вознемирувачко видео) Италијански и холандски навивачи направија хаос во Тирана и ја нападнаа полицијата

Редакција

(Видео) Средба Ковачевски – Ескобар: САД се за итно решавање на прашањата со Бугарија и за брз старт на преговорите со ЕУ

Редакција