еМагазин
Image default
Македонија

Затворена модуларната болница во Куманово поради стабилната епидемиолошка состојба

Поради стабилната епидемиолошка состојба во Куманово затворена е модуларната болница, соопштија денеска надлежните од болницата.

Неколкуте пациенти се префрлени на инфективниот оддел од болницата. Во моментов на инфективно одделение сместени се девет пациенти

– Во петокот и последните пациенти беа пуштени на домашно лекување, два-тројца беа префрлени на инфективното одделение, така што нема потреба од нејзино отворање во моментов. Да се надеваме дека и во иднина нема да има потреба, пак да биде ставена во функција, изјави директорката на болницата, Снежана Захариева.

Последниве денови на инфективното одделение сместени се помеѓу осум до девет пациенти. Бројот на прегледи на дневна амбуланта е намален и моментно се движи околу 40-тина, што е речиси тројно намалување во однос на претходниот период кога лекарите прегледуваа помеѓу 100 и 120 пациенти.

– Засега е стабилна епидемиолошката состојба, да се надеваме дека што подолго време ќе остане таква. Не знаеме што носи следниот период, гледаме што се случува на глобално ниво, засега бројките паѓаат, рече Захариева.

Таа препорача почитување на општите мерки и изолација за оние кои имаат симптоми или пак знаеле дека биле во контакт со заболени за да се спречи ширењето на вирусот.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособните кадри на Заев да поднесат оставка и од државни функции

Редакција

Шилегов го призна поразот, Данела Арсовска е првата градоначалничка на Скопје

Редакција

Пронајдено и телото на мажот кој скокнал во Вардар за да ја спаси девојката која се удави

Редакција