еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособните кадри на Заев да поднесат оставка и од државни функции

Со реакција по смените во раководството на СДСМ, се јавија од најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ.

„Само Зоран Заев и Радмила Шекеринска блескаат.

Само тие не се виновни за корупцијата, криминалот, расипништвото и назадувањето на Македонија.

Сите останати ги испокрадоа парите преку Фондот за иновации, тендерите во здравство, си делат сами на себе кирии, си поделија ниви со марихуана и го соголуваа Буџетот.

Сите останати бараа „едно за вице”, само Заев и Шекеринска останаа да блескаат.

Факт е дека Спасовски, Кирацовски, Ременски, Зекири, Манчевски и Шилегов беа катастрофа за СДСМ, но уште поважно е дека тие се трагедија за Република Македонија.

Затоа и Спасовски и останатите неспособни кадри на Зоран Заев мора да си поднесат оставки и од државните функции, а не како неспособни партиски кадри да продолжат да земаат пари од Буџетот и да ја упропастуваат Република Македонија.

Дали да се води едно министерство како МВР е поедноставно и неважно отколку да се биде потпретседател на СДСМ. Доколку Заев не ги разреши Спасовски, Манчевски и Шилегов од функциите ќе биде повеќе од јасно дека така наречената метла е една голема фарса.

Граѓаните не се должни да ја поднесуваат неспособноста на Спасовски кој нема ниту една акција за сузбивање на криминал, министер во чие време убиствата на улиците станаа секојдневие.

Администрацијата не е должна да го трпи Манчевски и да премолчува на заканите и мобингот од негова страна дека ќе има кратење.

Граѓаните на Скопје не се помалку важни од членовите на СДСМ, па Шилегов да им биде градоначалник, кој година ипол потроши, а нема направено ниту еден проект.

Метлата е само фарса, се додека не си заминат неспособните функционери и од државните функции на цело со Заев и Шекеринска, заклучокот ќе биде еден, а тоа е дека Заев се обидува преку театар за наводна метла да ги отргне граѓаните од реалноста и проблемите со кои секојдневно се соочуваат.

Потребна е метла која ќе го измете Заев, таа метла ја имаат граѓаните, а Заев ќе ја осети на избори“, велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски носат само лаги и конфликти

На соопштението на ВМРО-ДПМНЕ реагираа од СДСМ:

“СДСМ покажува дека живее со и за граѓаните, дека ги слуша нивните потреби и дека е подготвен да се менува кон подобро, со цел да им служи уште подобро на граѓаните.

Донесените одлуки на синоќешната седница на Централниот одбор носат системски и суштински промени во партијата – одлуки кои ќе донесат забрзување на напредокот на земјата и подобри услови во општеството, за подобар живот на сите граѓани.

Сега, доаѓа време за уште нова голема иницијатива на СДСМ, целиот фокус го ставаме кон подобрување на животот на граѓаните.

Тоа е една од многуте, но и најсуштинска разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ е најголемата партија која секогаш носела и ќе носи најголеми одлуки за развојот на државата.

ВМРО-ДПМНЕ не само што не носи одлуки во интерес на државата, туку нуди кофнликти, лаги и цврсто бранење на криминалците.

Христијан Мицкоски од безидејност дури и стана промотор на политиките и мерките на СДСМ.

Но, наместо да станува промотор на мерките на СДСМ, Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори на следните прашања:

Кога ќе понесе одговорност пред неговиот ментор од Будимпешта за тоа што не успеа да го спречи зачленувањето на нашата земја во НАТО?

Кога ќе понесе одговорност пред граѓаните за тоа што Никола Груевски се уште му е ментор и водич во политиката?

Кога ќе понесе одговорност за тоа што неговите пратеници обвинети за криминал се уште не поднеле оставки?

На крајот, кога ќе понесе одговорност за поразот за претседателските избори и на локалните избори во Охрид и Ново Село?

Огромна и очигледна е разликата помеѓу одговорното работење на СДСМ и одлуката да се влезе во промени за подобрување на служењето на граѓаните и безидејноста и неодговорноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои се уште се длабоко навлезени во нивното криминално и режимско однесување“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски, Шилегов, Бочварски, Манчевски, Зекири, Ременски „лоши“ за СДСМ, а за граѓаните?

Сменет целиот Извршен одбор на СДСМ

Министерот Љупчо Николовски нов генерален секретар на СДСМ

Твитер за ремонтот во СДСМ: „А чекај, разрешениве ќе си ги задржат функциите – министри, пратеници, градоначалници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи: Венецијанската комисија ја споменав само во делот на ретроактивното важење на законот, а не за имињата на новите клубови

Редакција

Филипче: Границите ќе се отворат кон средината на јуни

Редакција

Убава вест: 38 оздравени од Ковид-19

Редакција