еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил новиот генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски

Актуелниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски е новиот генерален секретар на владејачката СДСМ.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Државната комисија за спречување на корупција кога станал министер.

Каков имот пријавил?

Според неговиот анкетен лист, Николовски на свое име пријавил стан од 33 метри квадратни во Крива Паланка, кој го добил како подарок, а на име на родителите пријавил куќа, земјоделско земјиште и пасиште исто така стекнати како подарок.

Вози Ренаулт Клио, а друго возило пријавил и на име на неговиот брат.

Има и кредит од 610 илјади денари, од 2017 година, кој ќе го исплаќа во рок од 36 месеци.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Љупчо Николовски, новиот генерален секретар на СДСМ 

Љупчо Николовски:  Како “бунтовникот со причина“ стана министер

Министерот Љупчо Николовски нов генерален секретар на СДСМ

Фото: Фејсбук/Николовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заменик-министерот за образование Атанасов си поднесе оставка поради немањето реформи во образованието

Редакција

Шопинг без ДДВ за продолжениот викенд за 11 Октомври: Ќе важи за домашни производи и ИТ опрема до 30.000 денари

Редакција

Десет лица повредени во пожарот што попладнево избувна во хотелот „Буши“ во Скопје, од кои двајца потешко

Редакција