еМагазин
Image default
Македонија

Уште осум граѓани бараат да бидат евакуирани од Украина, вели Османи

Уште осум граѓани од кои четворица наши, а четворица украински државјани, но во роднинска врска со нашите, бараат да бидат евакуирани од Украина, информира денеска на редовниот брифинг министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

– Од 120-те мапирани и контактирани наши граѓани, околу 80 проценти се веќе евакуирани, останати се осум граѓани коишто бараат евакуација, а се се уште во Украина. Од нив четворица се наши државјани, четворица се украински државјани, но во роднинска врска со нашите.

Има и други наши граѓани околу 20, но тие не бараат евакуација, посочи Османи.

Додаде дека се обидуваат да ги евакуираат овие осум граѓани, а за останатите 20, како што рече, нема да прават напори да ги евакуираат се додека не добијат барање од нив дека сакаат да бидат евакуирани.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски за изјавата на Радев: Не преговараме со Бугарија туку со ЕУ, вето нема да има, бидејќи веќе ги почнавме преговорите

Редакција

Вчера 730 граѓани се вакцинирале со „АстраЗенека“

Редакција

Полицискиот час го прекршиле 46 лица, изречени 611 казни за неносење маска

Редакција