еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Ќе се решава проблемот со здравствено осигурување во затворите и поправните домови

Управата за извршување на санкиции алармира за нередовност на здравственото осигурување на издржување на казна затвор, лицата кои се наоѓаат во притвор (ако не се осигурани по друга основа), како и малолетните лица кои се наоѓаат на извршување на воспитна мерка упатување во воспитно-поправен дом, односно установа и за членовите на нивното семејство, кои не се осигурани по друг основ.

Приближната бројка на засегнати лица е околу 1.200.

“Проблемот постои поради начинот на пријавување и одјавување на издржување на казна затвор, лицата кои се наоѓаат во притвор (ако не се осигурани по друга основа), како и малолетните лица кои се наоѓаат на извршување на воспитна мерка упатување во воспитно-поправен дом, односно установа и за членовите на нивното семејство од страна на овластени лица вработени во казнено-поправните, односно воспитно-поправните установи.

Досега тоа беше шалтерски, овластените лица од затворите мораа да доаѓаат на шалтерите на Фондот за да поднесат ЗО-1 пријава за затворениците и лицата во воспитно поправен дом.

Дополнително постои неажурност во нивното пријавување и одјавување од страна на затворите и во недоволната координираност помеѓу нив и лицата кои вршат пресметка во Управата за извршување на санкции.

Како резултат на проблемот иако Управата уплаќала придонеси од 2019 година, во значителен износ, а затворениците немале редовно здравствено осигурување. Тоа го отежнало пристапот до лекови и предизвикало болнички услуги во високи износи кои се фактурирани на Управата,” се вели во соопштението на Управата за извршување на санкиции.

Фондот има обврска да ги вклучи сите граѓани во системот на задолжително здравствено осигурување.

За решение, Фондот сега отвори веб портал, затворите ќе можат електронски (со неколку клика од канцеларија) да ги пријавуваат овие лица во системот на Фондот и ќе имаат уредна евиденција на нивните пријави и одјави.

“Преку овој договор за размена, Фондот им излегува во пресрет на овие два субјекти (затворите и Управата) и дозволува веб порталот кој е во негова сопственост да им служи како „мост“’ или „бајпас“ преку кои ќе може овластените лица во затворите и во Управата да комуницираат и да добиваат точна евиденција на бројот на затворениците за кои треба да се плати придонесот и на тој начин ќе се избегне ризикот за некој затвореник да не му е платен придонесот.

Фондот ќе обезбеди континуитет на здравственото осигурување и затворениците ќе имаат пристап до здравствена заштита, како пристап до лекови, специјалистички прегледи и болнички третман,” се додава во соопштението.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Десет години од смртта на претседателот Киро Глигоров

Редакција

Најмладиот милионер во Македонија има само шест години

Редакција

Од Ковид-19 починати 15 лица, дополнително пријавени уште четворица

Редакција