Бенчмарк

Шпанија и Португалија се соочуваат со можни санкции од ЕУ

Министрите за финансии на земјите членки на еврозоната денеска се очекува да објават дека Шпанија и Португалија не ги поддржуваат буџетските правила на ЕУ, со што се отвора пат за воведување санкции кон нив.

ЕУ ги одложи Советите за стабилизација и асоцијација со Македонија, Турција и Албанија

Европската унија ги откажа Советите за стабилизација и асоцијација што во втората половина на овој месец требаше да се одржат со Република Македонија, Турција и со Албанија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Може ли Германија да ја води сама Европа по Брегзит?

Независно дали одлуката Велика Британија да ја напушти Европската унија ќе се покаже катастрофална или само грпка на патот за остварување на обединета Европа, едно нешто од него веќе е сосема и вознемирувачки јасно: Брегзитот ќе ја бетонира улогата на Германија како лидер на континентот - улога во

СЕП: Намалени се 20,5 милиони евра од ИПА 2

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) денеска со соопштение информираше за степенот на програмирани средства за 2016 година и реалната состојба околу степенот на неангажирани средства во фазата на програмирање, по, како што се наведува

Димова: Кратењето на ИПА-фондовите укажува дека не знаеме како да ги користиме

Кратењето на околу 100 милиони евра од фондовите ИПА 2, пари кои се наменети за развој на неколку сектори, веќе утврдени меѓу Владата и Европска комисија уште во 2014 година, е резултат на тоа што како држава ништо не сме направиле за да се искористат тие пари, смета пратеничката на СДСМ, Лидија Димова.

Велика Британија ќе излезе од ЕУ на 1 јануари 2019 година?

Датумот за излез на Велика Британија од ЕУ може да биде 1 јануари 2019 година, соопшти денеска весникот „Сандеј телеграф“, повикувајќи се на став на кандидатот за лидер на Конзервативната партија и за нов премиер на земјата, поранешниот министер за одбрана, Лиам Фокс, пренесе ТАСС.

Коцијанчиќ: ЕК и скрати 27 милиони евра на Македонија поради „незрелост“ на државните органи

Европската комисија скрати нешто над 27 милиони евра од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за Република Македонија, поради недостаток на подготвеност и зрелост при планирање во клучните сектори за кои овие средства требаше да бидат наменети, потврди за МИА портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчиќ.

ЕУ поради Брегзит, доби намален кредитен рејтинг од „Стандард и Пурс“

Меѓународната бонитетна агенција „Стандрд и Пурс“ синоќа го намали кредитниот рејтинг на Европската Унија од ниво АА+ на АА. Во образложението на ваквата одлука е наведено дека таа е донесена поради несигурноста во ЕУ по одлуката на Британците на референдумот минатиот четврток за напуштање на Унијата. 

Словачка го презеде претседавањето со ЕУ во следните шест месеци

Словачка од денеска го презеде претседавањето со ЕУ во следните шест месеци, во кои Унијата ја очекува старт на преговорите за раздружување со Велика Британија, како и почеток на расправата за иднината на блокот.  

Англискиот може да не биде веќе службен јазик во ЕУ

Англискиот јазик можно е да не биде веќе службен јазик во Европската унија откако Велика Британија гласаше да ја напушти заедницата, изјави претседавачот со Комитетот за уставни прашања во Европскиот парламент, Данута Хуебнер.