еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поплавена Клиника за токсикологија, која не е осигурана

На Клиниката за токсикологија синоќа пукнал радијатор во една од лекарските соби и се поплавени речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната, се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории, информираше денеска медицинскиот директор на Клиниката, Данил Петровски.

„Дежурната екипа веднаш ја повикала техничката служба за одржување на парно, но не успеале да го сопрат истекот на водата во следните четириесетина минути. Повикано е лице од Клиниката кое помогнало да се сопре водата од главните вентили,“ додаде Петровски.

Министерот за здравство Илир Демири денеска изјави дека штетата на Токсикологија е санирана.

„Клиничкиот центар има заеднички служби кои се наменети за тоа, тоа им е примамрна обврска да се грижат за Клинички центар и за сите хаварии што можат да се случат. Хаваријата со цевката за парно е санирана уште вчера од страна на заеднички служби“, рече Демири.

Тој додаде дека не е законски, Клиниката да не е осигурана и за тоа треба да преземе одговорност менаџментот.

Пред неколку дена вработени на Клиниката ја информираа јавноста дека Клиниката не е осигурана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мистерија е образованието на директорката на Токсикологија, Бесија Иљази, која незнае македонски јазик

Сестри, болничари, биолози, лаборант незаконски и без образование, работеле на Клиниката за токсикологија

Директорката на Токсикологија која незнае македонски направи милионски долг и не сака да вработи потребни кадри, обвинуваат вработените

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема потврда за посетата на Макрон

Редакција

Нови 109 заболени од корона вирусот од 762 тестирања, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

196 нови случаи на Ковид-19 од 2.067 тестови, 38 се реинфекции

Редакција