Македонско

Списанието Комплетна ја прославува 20-годишнината од излегувањето на првиот број

Приказната на КОМПЛЕТНА започна 1996 година, како пионерски обид да се создаде првото македонско списание за жените кои се подготвуваа за 21-от век, списание што ќе биде по примерот на светските магазини, а сепак автентично, забавно, едукативно, уникатно и целосно наше.

(Фото) Ресторанот Скопски Мерак прослави 25 години успешна гурманска приказна

Скопски Мерак, свечено ја прослави 25-годишнината со пријатна атмосфера, вкусна храна, пијалок и трационална музика. Сите присутни на настанот беа задоволни и исполнети со позитивни реакции од прекрасната вечер.

25 Години - ЕЗИМИТ: Квалитет, иновативност и посветеност во сите сфери на делување

​Македонскиот бренд ЕЗИМИТ, годинава, одбележува 25 години континуиран раст и развој. Од мала семејна компанија основана во 1991. година, ЕЗИМИТ се разграни во деловно семејство кое денес обединува повеќе компании од областа на земјоделието, преработката, финансиите, градежништвото, инвестициите.

„Галафарм“ е успешна македонска приказна која трае 25 години

Македонската фармацевтска компанија постои 25 години, а како што велат оттаму за „еМагазин“ овие години се исполнети со напорно работење и вложување во квалитетно производство и нови проекти.

Промовирано новото издание на Правописот на македонскиот јазик

Новото издание на Правописот на македонскиот јазик денеска беше промовирано во НУБ „Свети Климент Охридски“. Во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во проектот беа вклучени 48 соработници, пред се универзитетски професори од Институтот за македонски јазик, од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, од МАНУ и од други сродни институции. 

(ВИДЕО) „Македонско девојче” наполни 50 години

​Македонското девојче по кое е настаната познатата истоимена песна на Јонче Христовски денеска слави 50 години. На јубилејниот роденден на македонското девојче - Невенче, нејзиниот сопруг, Зоран Росоманов направи реиздание на песната изведена во несекојдневен стил.

Македонија има заштитено 18 наши брендови, охридската чреша е новиот македонски бренд

Во Македонија се заштитени 18 наши брендови, а меѓу нив се кочанскиот ориз, тетовскиот грав, малешевското сирење, охридскиот чај и македонскиот ајвар, пишува Утрински весник.

Народна банка на Македонија слави 70. години

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) годинава со низа манифестации и случувања ќе одбележи 70-години од институционализираното централнобанкарско работење во Република Македонија.

50 години Универзална сала: Место од кое ретко кој си заминал без да биде посреќен од моментот кога дошол

Официјално пуштена во употреба на 10 јануари 1966 година, по катастрофалниот земјотрес во Скопје како резултат на светската солидарност и помош, со изведба на драмската претстава “Виктор или деца на власта“ во изведба на “Атеље 212“ од Белград, а веќе на 16 јануари 1966 е одржан голем Симфониски концерт на Македонската филхармонија со пијанистот Александар Унински. 

„Гласоечко“ од Долни Полог влезе на Листата на УНЕСКО

Република Македонија успешно го впиша третото културно добро Гласоечкото машко двогласно пеење од Долни Полог, Тетовско, во Листата на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото за ургентна заштита.