еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од недела стабилизација на времето

Времето денеска претпладне ќе биде претежно ведро и наместа постудено. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) По 32 години нова железничка пруга кон Грција: Битола-Кременица готова до крајот на годината

Редакција

Граѓаните сами ќе платат за замената на регистарските таблички со НМК, ќе ги чини до 1.500 денари

Редакција

Бугарскиот министер Каракачанов: Ние не брзаме, тие 28 години спореа со Грција

Редакција