еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Поплавена Клиника за токсикологија, ниту била осигурана

На Клиниката за токсикологија пукнал радијатор во една од лекарските соби и поплавени се речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории, информираше денеска медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски.

„Дежурната екипа веднаш ја повикала техничката служба за одржување на парно, но не успеале да го допрат истекот на водата во следните четириесетина минути. При што, повикано е лице од клиниката кое помогнало да се сопре водата од главните вентили,“ додаде Петровски.

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно.

„Клиничкиот центар има заеднички служби кои се наменети за тоа, тоа им е примамрна обврска да се грижат за Клинички центар и за сите хаварии што можат да се случат. Хаваријата со цевката за парно е санирана уште вчера од страна на заеднички служби“, рече Демири.

Тој додаде дека не е законски, Клиниката да не е осигурана и за тоа треба да преземе одговорност менаџментот.

Фото/МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пресуда за случајот „Меѓународен сојуз“: Боки-13 доби девет години затвор, Мандиќ четири, Ременски ослободена од обвинението

Редакција

Џафери и пратениците кои во скафандери гласаа во Собранието, нема да одговараат кривично

Редакција

Претепано 15-годишно момче во Тетово

Редакција