Македонија

Коѕијас: Конечниот договор за името во рацете на Заев и Ципрас

​Министрите за надворешни работи завршија со нивниот дел, преговорите продолжуваат на експертско ниво, а кога ќе завршат и тие, текстовите подготвени од министрите ќе бидат во рацете на премиерите за конечен договор, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во врска со преговорите за името.

Димитров за АНА-МПА: Преговорите се во крајната фаза

​Проценка дека преговорите се наоѓаат во крајната фаза, изразува шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА по завршувањето на состанокот во Брисел. Димитров за АНА-МПА вели дека се надева дека е изводливо до Самитот на ЕУ на 28. јуни да се најде решение и додава дека вчера имал „добра средба“ со неговиот грчки колега.

Над 500.000 евра годишно за советување на Заев

ТВ21 обезбеди документ од владиниот кабинет за 55. експерти кои што го советуваат премиерот Зоран Заев, а кои ги чинат граѓаните вкупно 45.783 евра месечно или речиси над половина милион евра на годишно ниво.

Груевски повторно на суд: Ново рочиште за „Титаник“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).  Во случајот обвинети се поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешните функционери, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и уште 16 други лица.

Димитров: Договорена рамка за компромис за името

​Никос Коѕиас и Никола Димитров до доцна синоќа преговарале и постигнале рамка за компромис за името.

Ќе му донесе ли „омилениот костум“ среќа на Димитров во Брисел?

Дипломатската активност на министерот за надворешни работи Никола Димитров добива се позабрзано темпо со оглед на тоа што во изминативе неколку дена тој имаше средби со повеќе високи функционери од Обединетите Нации и ЕУ.

 

Заев и Ципрас телефонски разговарале за имплементација на ерга омнес за име од предлозите на Нимиц

​Најмалку еднаш, а можеби и два пати, телефонски разговарале премиерите на Македонија и Грција, во периодот откако ги известија политичките сили во двете земји пред една седмица, објави грчката телевизија „Скај“.

Што пишува во биографијата на новиот заменик-министер за транспорт и врски, Садик Беќири?

Владата до Собранието го достави предлогот за избор за министри и заменици министри со кој меѓудругите се предлага Садик Беќири да биде заменик-министер за транспорт и врски.

 

Груевски со луксузниот мерцедес за кој доби 2 години затвор се возел 10-15 пати

Во интервју за телевизијата Сител, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, рече дека се возел со луксузниот мерцедес за кој беше осуден на две години казна затвор во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).