еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ако промената на Уставот не е директно мешање во внатрешните работи на една независна држава, тогаш навистина не знам што е, вели Мицкоси за реакцијата на бугарското МНР

Ако промената на Уставот не е директно мешање во внатрешните работи на една суверена и независна држава тогаш навистина не знам што е, изјави денеска македонскиот премиерот Христијан Мицкоски за реакцијата на бугарското Министерство за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Бугарија не било мешање во внатрешните работи на Македонија промената на македонскиот Устав

Мицкоски изрази жалење што новиот министер за наворешни работи на Бугарија, како што рече, заборава дека добрососедските политики се темелна вредност на европските вредности, без разлика дали некој е дел или не е дел од Европската Унија (ЕУ).

„Би се повикал и на меѓународното право, на Конвенцијата за заштита на правата на заедниците и тука не можам, а да не го коментирам правото на македонската заедница во Бугарија, којашто се темели на 14 пресуди од Судот за човекови права, да го реализира и тука треба ние сите како граѓани да дадеме поддршка на македонската заедница во Бугарија која, за жал, во 21. век во земја членка на ЕУ не може тоа право да го оствари и тоа нема никаква врска со внатрешните работи, туку исклучиво на резолуцијата за заштита на човековите права чиј ратфикатор е и нашиот источен сосед и наш партнер во НАТО“, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, вели евроамасадорот Рокас, кој најави посета на високи преставници на ЕУ на Македонија

Прашан за изјавата на евроамбасадорот Михалис Рокас, кој рече дека постоела интензивна дипломатска активност за решавање на спорот со Бугарија во следните месеци, рече дека можната деблокада може да се случи и задутре, но оти тоа не зависи од нас, туку од некои други фактори.

„Ние не сме како некои поранешни политичари тоа да го гледаме како егзибиционизам, кариеризам и нешто што е сосема спротивно од очекувањата, интересите и заштита на националните интереси на граѓаните.

Така што, македонските граѓани и државата во целина очекуваат вистински пат во ЕУ, нешто што го очекуваат 20 години, коешто ќе се темели на Копенхагенските критериуми на систем базиран на заслуги – истото, ни помалку ни повеќе – што го добија сите земји членки коишто пристапија, а не билатерализација и решавање на билатерални спорови“, рече тој, додавајќи дека земјава не смее да дозволи нејзината европска иднина да зависи од решавање на билатерални прашања кои, како што рече, немаат врска со 21. век, туку со нешто што се случувало во средниот век.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почитувањето на одлуките од ЕСЧП не е билатерално прашање, туку меѓународна обврска, и порачаа на Бугарија од македонското МНР

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ предлага предвремени избори во мај, непроменет ставот на партијата за уставните измени

Редакција

Од марихуана во бизнис со струја: Во што инвестираат членови на семејствата на функционерите и политичарите

Редакција

Професорката Билјана Ванковска е претседателски кандидат на Левица

Редакција