Ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот за јазици и Уставот, албанскиот јазик ќе се унапредува, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши во интервју за Лајм.
Според него, употребата на албанскиот јазик не е на посакуваното ниво и политичката битка на албанските партии треба да биде за целосно изедначување на албанскиот со македонскиот јазик.
„Идејата на Охридскиот договор беше албанскиот јазик да биде официјален на државно ниво и затоа сум опуштен како ќе се толкува. Албанскиот јазик не е на нивото што треба да се користи и нашата политичка битка треба да се развива во насока да ги убедиме сите страни дека албанскиот јазик еден ден ќе биде официјален заедно со македонскиот,“ вели Гаши во интервјуто.
Законот за јазици треба да се најде на дневен ред пред уставните судии, на почетокот на октомври.
Фото: Фејсбук/Гаши