еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски добил задача да се раскара со мене, а молчи за тајната соработка со Заев, вели Груевски

Продолжува јавното препукување помеѓу актуелниот претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и поранешниот Никола Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој му даде поддршка на Мицкоски, а кој на Груевски

Со нов статус на Фејсбук синоќа се јави Груевски.

-Да заклучам…Три дена молчев на нападите од Мицковски за да оставам простор да се види и да стане јасно кој сака меѓусебни расправии и раскол, кој напаѓа, кој ги дели луѓето во партијата принудувајќи ги на бесмислени подршки, и најмногу од се да ги видиме доказите за наводните тајни средби, документите, фотографиите, итн..

Ништо од тоа!

Наместо докази – прераскажување филмови. Сега излезе дека тајните средби биле во 2015 година, пред 8 години, а интервјуто на Ахмети кое подоцна сите го демантираа, е дадено една недела откако Мицкоски на 5 септември дал интервју за ФАЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски нека докаже пред Господ, пред Алах, пред државата дека имам некакво УСБ, вели Џафери

Мицкоски тврди дека на УСБ има материјали за „оската ДУИ, СДСМ и Груевски“

Некакви УСБ-а и пликоа пред две години, како делови од трилер во детски маалски летни вечерни разговори пред зграда на клупа. Практично се што збореше 3-4 дена за тајни средби во Будимпешата си го негира на интервјуто на Алсат М.

Не прекинаа со напади секојдневно, цела кампања подготвиле и наместо со СДС се бават со мене.

Добил задача да се раскара со мене и се пресметал дека токму сега тоа му е исплатливо и му треба. Членството нека си процени дали тоа му паметно, морално и рационално.

И молк за Заев. За нивната тајна соработка и заеднички планови. Кои се темелите, целите, моралната димензија, националните позиции и идеологијата на новото сојужништво со Зоран Заев.

Па нели тој беше наш политички заеднички противник, беше главниот “џелат” на сите политички прогонети од ВМРО-ДПМНЕ, тоа беше влада која направи промена на името, уставот, националноста, идентитетот, историјата…со договорот со Грција, ги апсеа нашите пратеници за да ги уценат за гласање, Заев на телевизија тврдеше дека “Сичките сме сшти”, “един народ сме”, итн..

До пред година-две ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека Заев е нај корумпираниот политичар, предавник, итн..

Гледам сега се плашат името да му го спомнат. Со тој ли сега политички сојузници треба да бидеме? Уцена ли е во прашање?

Што се случи?, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мириса на уставни измени

„Мицкоски против Груевски значи дека има 80 пратеници за гласање?“: Твитер реакции

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Институтот за македонска литература: Спорот кој го наметна Бугарија е нерационален и нерелевантен од аспект на историските факти

Редакција

Во последните три дена едно починато лице од Ковид-19, дополнително пријавени уште две

Редакција

Отворено писмо на Мицкоски до Заев: Владата покажа дека се плаши од избори

Редакција