Апелациониот суд им го укина куќниот притвор на Беким Незири, функционерот на владејачката ДУИ и на Алмир Рамдедовиќ, осомничени за упадот во државното акционерско друштво Македонска навигација (М-НАВ).
Од Судот велат дека ги уважил жалбите на осомничените, го укинал куќниот притвор на Незири и на Рамдедовиќ и ги оставил мерките за претпазливост кои првично им ги одреди Кривичниот суд.
-Судот, ценејќи ги доказите приложени кон доставениот предлог за определување на мерка притвор, а имајќи предвид дека единствен доказ кој се однесува на осомничените е потврдата за привремено одземени предмети, како и наводите во изјавената жалба на ОЈО Скопје против Решението на судијата на претходна постапка и образложението на обжаленото решение, оцени дека во истите не се приложени докази, ниту се истакнати факти и околности кои укажуваат на реална опасност од бегство на осомничените, страв од попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, ниту се наведени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, а имајќи ги предвид личните прилики на осомничените и нивното однесување по сторување на кривичното дело за кое се сомничат, се вели во соопштението.
На страната на осомничените било и Вишото јавно обвинителство кое предложило да се уважат нивните жалби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш