еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Јован Митрески, новиот претседател на Собранието

Јован Митрески, кординаторот на пратеничката група на владејачката СДСМ е новиот претседател на македонското Собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието ги констатираше оставките на Ковачевски и Џафери: Јован Митрески е нов спикер

Тој доаѓа на местото на Талат Џафери, од владејачката ДУИ, кој ќе стане технички премиер.

Како и Џафери и Митрески на оваа функција ќе биде 100 дена.

Кој е Митрески

Роден е во ноември 1980 година во Струга.

Тој е дипломиран економист, а дипломирал на Економскиот факултет, Универзитет Св. Климент Охридски во Прилеп.

Политичка кариера

Тој е коридинатор на пратеничката група на СДСМ, а оваа му е втор мандат како пратеник. Претходно беше пратеник во периодот од 2016 до 2020 година.

Тој е заменик-претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, заменик-член во Комисијата за економски прашања, член на Буџетски совет на Собранието, заменик-член во Комисијата за финансирање и буџет и заменик-член во Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Јован Митрески, кој ќе биде нов претседател на Собранието

Каков имот пријавил Талат Џафери, кој ќе биде технички премиер од 28. јануари

Кој е Талат Џафери, кој ќе биде технички премиер

Фото: Џафери/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Томе Христоски, старо-новиот градоначалник на Крушево

Редакција

Беким Незири не упадна во Контрола на летање и нема никаква врска со инцидентот, тврди неговиот адвокат Миланов

Редакција

Бугарија бара гаранции за проширување на ЕУ со Македонија, вели бугарскиот претседател Радев

Редакција