еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Балетската претстава за деца „Петар Пан“, денеска во НОБ

Една од најпопуларните и најгледани балетски претстави за деца, „Петар Пан“ во продукција на Националната опера и балет, ќе се изведе денеска со почеток во 19 часот.

Кореографијата е на Џејмс Амар од Франција, а сценографијата и костимите се на Зоран Костовски и Марија Пупучевска. Во претставата настапуваат солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, кои ќе ја пренесат оваа  возбудлива приказна на сцената.

Приказната за „момчето што не сака да порасне“ е една од најуспешните и најпопуларните детски приказни на сите времиња, раскажана на генерации деца. „Петар Пан“,  лик кој го создаде шкотскиот писател и драматург Џ. М. Бери, ќе ги воодушеви малите и големите со својата авантуристичка приказна, во која главниот херој живее на магичниот остров Недојдија како лидер на неговата банда „Изгубени момчиња“ заедно со сирени, самовили и пирати.

Претставата ја плени најмладата публиката со прекрасната музика, костимите и сценографијата и децата ја следат со големо воодушевување. Безгрижното детство на Петар Пан, кој никогаш не сака да порасне, ќе ги потсети најмладите гледачите на важноста на фантазијата и слободата.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелација ја одби жалбата на Жан Митрев за блокирање на сметката на болницата

Редакција

Нови 2.341 случаи на Ковид-19, реинфекции се 308, еден случај е зараза по третпат

Редакција

Вкупнo 82 смртни случаи од корона вирусот: Почина уште еден пациент со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста

Редакција