Малопродажните цени на бензините „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“, од полноќ се намалуваат за еден, а на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на „Еуросупер БС-95“ ќе изнесува 78,50 денари, „Еуросупер БС-98“ ќе се продава за 80,50, дизелот за 76, а екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) по 75 денари за литар.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.